Во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во тек е имплеметација на проектот „Воведување и спроведување на мерките за заедничко уредување на пазарите“ финансиран од ИПА на Европската Унија 2015 година со буџет од приближно 900 000 евра и со траење од 26 месеци.

Имплементирањето на овој проект е од голема важност за македонското земјоделство бидејќи истиот ќе придонесе кон зголемување на пазарните можности, економскиот развој и севкупното производство во земјоделскиот сектор, истовремено подобрувајќи ја конкурентноста на земјоделскиот сектор во согласност со барањата за пристапување во ЕУ.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, денеска присуствуваше на потпишување на Меморандум за соработка и партнерство помеѓу задруги од Република Северна Македонија и Република Бугарија.

– Ни претстои уште поголема работа и уште поголеми предизвици кон целосно исполнување на европските стандарди и модернизација на споменатите сектори и политики што ќе резултира со зачленување на Република Северна Македонија во европското семејство, за што е потребно да вложиме максимални напори и да придонесеме за реализација на оваа цел.
Ви посакувам успешна соработка и партнерство и искрено се надевам дека ќе бидете успешен пример на соработка и за другите задруги во земјава и регионот и дека овој пример ќе биде препознаен како модел кај други земјоделски производители во Република Северна Македонија – изјави министерот Хоџа.

Проектот ќе им помогне и на институциите и на приватниот сектор во уредување на бараниот сет на национални пазарни стандарди за свежо овошје и зеленчук на внатрешните и извозните пазари на ЕУ, а секако и помош на МЗШВ во политиките за заштита на земјоделски производи од нарушувања, предизвикани од флуктуации на цените и нелојална конкурентност со која се соочуваат производителите. Министерот Хоџа упати благодарност до Делегацијата на Европска унија за поддршката во реформите и прилагодувањето на сите сектори.