Германскиот производител на автомобили „Порше“ објави дека во соработка со производителот на специјализирани ќелии на литиум-јонски батерии „Кастмселс“, ќе гради фабрика каде што масовно ќе произведува батерии за специјални модели на електрични автомобили.

Фабриката треба да биде изградена во пошироката област на Штутгарт и да достигне капацитет од 100 мегават часови годишно, што одговара на ќелиите на батерии за илјада автомобили, објави компанијата.

Производството треба да започне во 2024 година, а до 2025 година треба да вработи до 80 работници.

Фабриката ќе биде во сопственост на групацијата „Селфорс“, која „Порше“ (Porsche) ја основаше со „Кастмселс“, што создаде производство на специјализирани ќелии на литиум-јонски батерии од Институтот „Фраунхофер“. „Порше“ има 83,75 проценти удел во новата компанија, а остатокот е во сопственост на „Кастмселс“.

„Селфорс Груп“ ќе произведува батерии за специјални категории возила, како што се тркачки автомобили.

Порше ќе инвестира нешто помалку од 100 милиони евра во производството. Проектот ќе биде кофинансиран и од сојузната влада и од сојузната влада на Баден-Виртемберг со околу 60 милиони евра, се вели во соопштението.