Фото: Маја Јаневска-Илиева

Најновото издание на светски познатиот магазин „Економист“ од неодамна и на македонски јазик. Магазинот кој се објавува еднаш годишно веќе се продава низ Македонија и во него се застапени истите содржини како и во другите 33 земји во кои се публикува.

Во домашното издание се вклучени дополнително и интервјуа со веќе етаблирани и препознатливи имиња од областа на економијата.

– Претставува вистинска годрост што ја добивме лиценцата за издавање на магазинот на македонски јазик. Истиот веќе е во продажба по цена од 180 денари, колку што се продава и на светско ниво и во него ги има истите содржини како на светско ниво. Се надеваме дека веќе од следната година ќе имаме можност и да ве поканиме на конференција. Со лиценцата за издавање на „Економист“ на македонски добиваме за право да организираме конференции со нивниот бренд и под наслов „Економист – Светот во 2020“ – потенцира Александар Наков, косопственик и проект менаџер на компанијата „Колор медиа плус“.

Промоцијата на магазинот се одржа во британската резиденција, а британската амбасадорка Рејчел Галовеј ја искористи приликата да потенцира дека нашата билатерална врска ќе продолжи да се развива, со што Обединетото Kралство и понатаму ќе и биде бизок и важен партнер на државата.