Фото: Игор Бансколиев

Цените на бензините од полноќ се намалуваат од половина до еден денар, објави Регулаторната комисија за енергетика.
За еден денар се намалува цената на еуросупер БС-98, дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство, а за половина денар цената на еуросупер БС-95.
Така, новата цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 70 денари за литар, на дизелот 62, а на екстра-лесното масло за домаќинство 51,50 денар за литар. Малопродажната цена на еуросупер БС-95 ќе биде 68 денари.

Цената на мазутот ќе се зголеми за 0,621 денар за килограм, така што тој од ноќеска ќе се продава по цена од 33,779 денари.
Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на пониската цена на нафтата на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.