Фото: Маја Јаневска-Илиева

Малопродажните цени на бензините Ееуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 и на еуродизел (Д-Е В) се намалуваат за 0,5 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 10 август и со тоа малопродажната цена на еуросупер БС-95 изнесува 59,5 ден/лит, малопродажната цена на еуросупер БС-98 изнесува 61,5 ден/лит, додека малопродажната цена на еуродизел (Д-Е В) изнесува 52 ден/лит.

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, односно останува на исто ниво како што било утврдено со одлуката од 10 август, и со тоа малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,244 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 10.8.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 26,365 ден/кг.