Во утврдениот рок за поднесување барања за штети од невремето со град, денеска заклучно со 16 часот во канцелариите во Гевгелија, Негорци и Миравци биле поднесени 314 пријави од физички и правни лица за предизвикани штети на земјоделските посеви.

Најмногу пријави, или точно 160, се поднесени во канцеларијата во Негорци, што е најдобра потврда дека штетите од градот во овој дел се најголеми. Во канцеларијата во Гевгелија се поднесени вкупно 126 пријави, главно од земјоделците од Ново Конско и Мрзенци, а во Миравци биле поднесени само 16 пријави.

Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди, врз основа на досега поднесените пријави, изврши проценка на штетите од градот на лозовите плантажи на „Ригоимпекс“ и „Викторија фруит“ од Гевгелија, како и на земјоделските површини во селото Ново Конско, а во тек е проценката на оштетените посеви во Негорци.