Премиерот Зоран Заев вели дека новиот предлог-буџет за 2021 година ќе биде буџет за економска стабилност и економски раст.

– Поддршка на здравствениот сектор е прв приоритет на буџетот за 2021 година – рече Заев.

Тој очекува враќање на економијата во преткризната состојба во втората половина од 2021 година.

– Оваа година ние се соочуваме со една од најголемите кризи во последното столетие. Економските статистики не се ништо посветли од тоа што се случува во здравствениот сектор – рече министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Според Бесими, и во идните две години економијата ќе се соочува со предизвици како последица од пандемијата.

Тој најави ребаланс и во следната година, кој како што вели е очекуван поради состојбата на светско ниво.