Германија до крајот на следната деценија би можела да изгуби 4,9 милиони работници, а овој недостаток германската економија би можел да ја чини 525 милијарди евра. Ова произлегува од студијата на консултантската компанија Корн / Фери, пишуваат германските медиуми, пренесува Сибиз.

“Најголемата штета од недостиг на работна сила би можеле да претрпат компаниите во угостителскиот сектор, вклучително и финансиски, на кои може да им недостигаат 1.2 милиони работници до 2030 година”, произлегува од студијата “Недостаток на таленти” на консултантската компанија Корн / Фери а, од каде цитираат германските медиуми.

Исто така, ќе биде погодена и машинската индустрија, главната германски извозна гранка.

Потоа се наведува дека од европските земји Германија ќе биде најмногу погодена со недостаток на работна сила.