Владата на седница ја разгледа и усвои информацијата за покачување на платите во основното, средното, високото образование и во науката за 10 отсто почнувајќи од исплата на платата за април 2020 година.

Со оваа информација, велат од Владата, откако ќе биде постигната Спогодбата со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), вкупното покачување на платите од април идната година, во основното, средното, високото образование и во науката, ќе изнесува повеќе од 20 отсто, имајќи ги предвид претходните две покачувања за само една година, на два пати по 5 отсто.