Преку програмата за финансирање енергетска ефикасност ГЕФФ за неколку месеци се пласирани 450.000 евра. Програмата е на Европската банка за обнова и развој е во вредност од 85 милиони евра кои се наменети за подобрување на енергетската ефикасност во домовите и се очекува да сигне до 29.000 семејства во цел Западен Балкан.

-Овој проект претставува кредитна линија со субвенција до 20 отсто и неговата намена е исклучиво за домаќинствата, поточно за физички лица. Проектот можат да го користат сите оние кои градат нови фамилијарни куќи или ги реновираат своите станови или куќи. Проектот ќе се спроведува во следните три години, до 2021 година. Во програмата се вклучени 11 технологии и преку 3.500 производи кои се високо ефикасни – вели Игор Панчевски, технички експерт за Македонија и Косово на проектот GEFF на денешната презентација што се одржа во рамки на Саемот за градежништво и Технома.

Клучната цел на оваа програма е да ја намали емисијата на гасови, да ја подобри удобноста на животот и да ги намали трошоците за електрична енергија.

ЕБОР ГЕФФ се спроведува во рамките на Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан (REEP Plus), финансирана од Европската Унија .