На дигиталната церемонија на „Аутомобајлс авордс“, одржана на 7 декември 2020 година во Париз, новиот „пежо 3008“ ја доби наградата „Автомобил на годината 2020“, доделена од јавноста, „пежо е-Expert“ ја прими специјалната награда од жирито, а брендот „Пежо“ беше именуван како „Бренд на годината“ од генералните менаџери на 39 бренд учесници. 

За своето трето издание, „Аутомобајлс авордс“ имаат за цел да ги наградат најистакнатите производители и најиновативните производители на опрема во моментот, доделувајќи вкупно педесет награди. Оваа година, жирито со кое претседаваше Арно Дукрет ги избраа победниците. Само наградата „Автомобил на годината 2020“ ја додели јавноста, која го номинира најистакнатиот автомобил на годината од сите категории заедно.

На гласањето на кое се собраа 245.000 гласачи, се изедначија новиот „пежо 3008“ и „порше 911 С“ од единаесетте кандидати кои беа во конкуренција. Новиот „пежо 3008“, претставен во септември минатата година, со својот нов дизајн ја претставува новата ера на модерност со редизајнираниот преден дел и новите Full LED задни светла. За да се отелотвори „Моќта на избор“ и да се усогласат задоволството и ефикасноста при возење како опција се нудат хибриди на полнење, бензински или дизел мотори. Новиот „е- Expert“ ја освои специјалната награда од жирито во категоријата комерцијални возила. Со својот 100 отсто електричен мотор е совршен пример за „Моќта на избор“.
 
Новиот „e-Expert“ нуди две нивоа на автономија кои овозможуваат до 330 km во циклусот на сертификација WLTP и на тој начин овозможува неограничен пристап централните градски подрачја.

Брендот „Пежо“ ја освојува наградата „Бренд на годината“. Оваа награда е доделена од страна на генералните менаџери на брендовите учесници.