Откако почна да управува со најголемата економија на светот, американскиот претседател Доналд Трамп почна да повлекува потези кои многумина ги шокираа позитивно ли негативно.

Законот за даночни мерки и вработување, кој во декември минатата година го потпиша Трамп, донесе постојани даночни олеснувања за американските фирми. Меѓутоа, постојат неколку исклучоци од „пријателскиот однос на претседателот кон американските претпријатија“.

Ова се топ пет корпорации кои се „лоши“ со Трамп:

„Амазон“ – Американскиот претседател повеќе пати „удрил“ на овој гигант за електронска трговија поради „уништување на традиционалните малопродажни трговци“, поради избегнување плаќање данок и слично. Трамп побара од Владата да воведе интернет данок на онлајн. Тој, исто така, го обвинува директорот на „Амазон“ Џеф Безос за ширење лажни вести.

„Боинг“ – Трамп повеќе пати пред да стапи на претседателската позиција го критикуваше „Боинг“ поради договорот од четири милијарди долари за новата флота на „Ер Форс“. Тој смета дека таквиот договор претставува загуба за даночните обврзници и побара поништување на документот. Компанијата, исто така, се наоѓа во незгодна позиција поради тензиите меѓу САД и Кина, бидејќи ќе биде колатерална штета кога Пекинг ќе воведе контрамерки. Кина е огромен пазар, каде на авионите на „Боинг“ ќе им биде тешко да се натпреваруваат со ривалот „Ербас“.

„Локид Мартин“ – Критиките на Трамп за таа компанија се однесуваа на цената на борбениот авион Ф-35. Се проценува дека проектот вреди 406,5 милијарди долари и се смета за еден од најоспоруваните програми во историјата на Пентагон. Претседателот на САД истакна дека проектот е „надвор од котрола“.

„Велс Фарго“ – Трамп ја обвини една од најстарите банки на светот дека ја злоупотребила довербата на своите клиенти, што доведе до казни од неколку милиони долари. Тој вети дека ќе го следи кредиторот и ќе биде тешко за него.

„Мерк“ – Една од најголемите фармацевтски компании на светот е критикувана од страна на американскиот претседател поради високата цена на лековите на позитивна листа. Освен тоа, генералниот директор на „Мерк“, Кенет Фразиер поднесе оставка бидејќи Трамп не го осудил веднаш протестот на белите расисти.