Во пријатна атмосфера и одличен амбиент компанијата „ПерпетууМобиле“ во средата го прослави своето јубилејно 25-годишно постоење.

На настанот беа присутни поголем дел од нивните клиенти и соработници кои уживаа во одличната забава, а сопственикот на компанијата Дејан Костов ги поздрави гостите и им се заблагодари за довербата, лојалноста и поддршката на семејството, вработените, клиентите и соработниците.

Со повеќе од 10.000 задоволни клиенти веќе 25 години оваа компанија гради една успешна приказна. Остварување и на најсложените барања на клиентите како и следење на сите трендови и технолошки иновации во нивната дејност беше цел која компанијата се стремеше да ја достигне. Денес, по 25 години, „ПерпетууМобиле“ успешно ја остварува оваа цел, благодарејќи на несебичната вложеност на вработените во компанијата како и одличната соработка со бројни компании.

Успешната приказна започнува во 1994 година, кога е основана компанијата. Истата година компанијата ги добива своите први клиенти и го потпишува првиот договор. На почетокот како компанија која нуди услуги во областа на обезбедување, „ПерпетууМобиле“ се соочи со уште многу предизвици и реализирани проекти и прерасна во водечка компанија во областа на обезбедувањето од сите видови. Оваа компанија веќе 3 години е прв и единствен центар за готовина чија основна дејност е траснпорт на дневен промет од секаков вид на компании во државата. Минатата година започна развојот на дигитални платформи во областа на обезбедувањето и транспортот на пари кои се претставија на интернационално ниво.

Паралелно со овие две дејности, во 2018 година компанијата влезе во уште една нова индустрија, а тоа е чистењето. Во дејноста чистење, „ПерпетууМобиле“ секојдневно брзо напредува и може да се пофали со 1.500 редовни клиенти како и различни еднократни големи проекти кои непрекинато растат. Денес оваа компанија брои повеќе од илјада вработени, а бројот на услуги, реализирани проекти и нови клиенти постојано расте.