Новиот „Пежо 208“ е финалист за наградата „Автомобил на годината 2020“ во Европа.

По првото гласање во финалето влегоа седум финалисти: БМВ 1, Форд Пума, Пежо 208, Порше Тајкан, Рено Клио, Тесла Модел 3, Тојота Корола.

Победникот на наградата „Автомобил на годината“ ќе биде објавен на 2 март 2020 година во Женева.

Брендот „Пежо“ има освоено вкупно пет награди „Автомобил на годината“.