На прв поглед, од самото појавување на автомобилот, управувачот е механички дел што најмалку еволуирал во неговата форма и функција. Сепак, никогаш не престанал да се менува, ниту пак се обидувал некогаш да ја смени својата кружна форма.

Првично многу едноставен и посветен само на контролата на возилото, тој постепено станува покомплексен. Функционалноста на управувачот постепено се надградувала со додавање на секундарни функции како што се: сирена, радио контроли, регулирање на брзината или контроли на ограничување, менување брзини преку систем за контрола на импулси и воздушно перниче. Материјалот на управувачот исто така значително се променил. Неговата рамка, првично изработена од дрво, станува челик, потоа алуминиум, и конечно магнезиум.

Првиот управувач се појавил во јули 1894 година на трката Париз-Руан, Опремени со рачка како управувач, автомобилите PEUGEOT, со 2-степени на пренос и 4 цилиндри, изгледале како моторизирани кабини.

Пионерите на автомобилизмот, всушност, сфатија дека е полесно за возачот да управува автомобил со помош на кружен управувач, наместо шипка или рачка. Па, управувачот со кружна форма постепено ја заменил рачката, која во тоа време служела како единствен систем за управување на автомобилите од тоа време. Постепено, автомобилите се развивале преку повеќе технолошки решенија, ослободувајќи се од концептот на „кочија со коњи“. Вака PEUGEOT Type 36 се разликувал од претходните модели, направени врз база на моторизирани кабини во 1901 година. Тој бил опремен со две големи иновации: капак на моторот на предната страна и управувачот наместо рачка.

Всушност управувачот претставува иновативен отскок за Брендот PEUGEOT! Кружниот облик го олеснува држењето на управувачот при маневрирање, но исто така го овозможува и потребниот напор за ефикасно да се вртат тркалата на автомобилот. Управувачот може исто така да се соедини и со системот за управување со моќност при ниски вртежи, со цел полесно да се ротира управувачот при маневрирање. Додека управувачот останува архитектонски производ, тој исто така стана отскочна штица за иновации, што треба да одговори на барањата за перфектна видливост на контролната табла при возење и ергономски приоритети, но да биде поддршка за правилна дистрибуција на воздухот од вентилаторите.

Овие иновации се изразуваат и преку промените во материјалите што се користат при производство на управувачи. Техниката за меко полнење, обложувањето со кожа и други материјали се силни показатели на развојот на PEUGEOT како бренд.

Управувачот со меко полнење е резервиран за основните модели, додека full- grain кожата е наменета за повисоките верзии. За да биде разновиден, управувачот нуди и други ситни детали за поудобно возење, кои вклучуваат потпирачи за палецот и рамни површини за одмарање, обложени од кожа – што дава дополнителна чувствителност на допир.

Во спортскиот свет, управувачот е надграден со присуство на навлаки (GTi, GT-Line) или обоено шиење – што го истакнуваат управувачот. Всушност, моторниот спорт често има силно влијание врз технолошки иновации или софистицираност кај автомобилите.

PEUGEOT уште повеќе се истакнува со својата иновативност, нудејќи револуционерен ентериер базиран на компактен управувач, со екран на допир и head-up дисплеј, познат како PEUGEOT i-Cockpit. Како централен елемент, компактниот управувач го олеснува управувањето и се зголемува уживањето при возење. Со помала потреба да ги испружите рацете и помал опсег на движење за време на маневри, што ја подобрува брзината на возачот и агилноста додека обезбедува порелаксирана положба за возење.

PEUGEOT i-Cockpit продолжува да се развива и станува широко распространет елемент во целата гама (PEUGEOT 208, 2008, 308, 3008, 5008, 508, Rifter и Partner). Во 2016 година, со лансирањето на PEUGEOT 3008 SUV, управувачот стана уште покомпактен.

Редизајниран обрач на управувачот кој е зарамнет на двете страни обезбедувајќи подобро држење и поголема прегледност за возачот и простор за нозете. До денес, додека PEUGEOT продолжува со иновативните решенија, преку 3D i-Cockpit, лансиран во 2019 година на новите модели PEUGEOT 208 и 2008 година, оваа револуционерна и единствена возачка позиција привлече скоро 6 милиони возачи. Затоа, PEUGEOT i-Cockpit и неговиот уникатен компактен управувач станаа препознатливи во DNK кодот на брендот.

Конечно, овие промени се дел од една едноставна амбиција: да се обезбедат технички решенија кои овозможуваат да се дизајнираат ентериери со стилска визија за иднината и да се обезбеди пасивна безбедност на највисоко ниво со напредни и компатибилни технологии.