„Пежо“ ги продава часовниците „Armand, SINCE 1810“ за своите фанови. Тие претставуваат елегантен начин да ѝ оддадат почит на историјата на брендот. PEUGEOT Design Lab целосно го дизајнираше есклузивниот надворешен изглед, осигурувајќи врвен квалитет.

Секој детаљ на овие часовници е прецизнo изработен, како што е името на „Пежо“ врежано на задниот дел од часовникот, ремчето oд плетен метал или ремчето од порабена кожа. Часовниците „SINCE 1810“ ја комплетираат истоимената колекција.

Тие се достапни од денес преку онлајн продавницата, по цена од 129 евра со вклучено ДДВ и 149 евра со вклучено ДДВ.

Љубителите на историјата на „Пежо“ ќе можат со гордост да ги носат овие стилски часовници, со нивниот современ сив ламиниран или црн бројчаник со печат „PEUGEOT SINCE 1810“. Безвременски делови каде главна улога имаат трите стрелки (показалки) и индикаторот за датум. Коженото ремче или ремчето од плетен метал го даваат последниот шмек на елеганцијата.

Сигурни и робусни, тие имаат кварцно движење и се отпорни на вода до 50 метри. Овие часовници го носат името „Аrmand“, како почит кон основачот на индустриската автомобилска авантура на „Пежо“.

Дизајнерите на PEUGEOT DESIGN Lab ги дизајнираа часовниците „SINCE 1810“ по точно поставени стандарди. Нивната плоча комбинира сензуални облини, полирани површини и вдлабнати страни, што е одраз на стилот на најновите автомобили на „Пежо“. Квалитетот на лакот на куќиштето и задниот дел на часовникот му дава дополнителен шмек, наследен од искуството на „Пежо“ во областа со работењето со челик. Копчето за обележување време е потпишано со „Пежо“, а на задниот дел од часовникот е врежано „Пежо““ или „Пежо леџенд“.

Овие нови часовници „Armand, SINCE 1810“ се достапни на онлајн продавницата. Тие ја комплетираат колекцијата облека, стил и сервисот за јадење, славејќи ја 210-годишнината од постоењето на „Пежо“.