Европскиот парламент денеска одобри нови правила со кои регулативите на ЕУ за гасна инфраструктура се прошируваат на нафтоводи од земји кои не се членки на ЕУ, откако беше постигнат компромис за заштита на проектот Северен Тек 2 поддржан од Русија.

Новите правила предвидуваат дека оние делови од гасовите за увоз на гас кои се на територијата или води на ЕУ мора да ги исполнуваат условите што се однесуваат на внатрешните нафтоводи, на пример, одвојување на снабдувањето со гас од бизнисот за пренос и пристапот до гасоводот за други оператори.

Секој исклучок ќе мора да има одобрение од Европската комисија, истакна Парламентот.

Законодавното тело на ЕУ гласаше со големо мнозинство во корист на промените на правилата, кои сега мора да бидат официјално усвоени од страна на земјите – членки,  потег што се очекува да биде само формалност.

Москва претходно предупреди за преголеми пречки во изградбата на проектот Северен Тек, предводен од рускиот државен концерн „Газпром“. Германија, по долго противење, во февруари најпосле го прифати компромисот.

Откако ќе биде завршен, преку Северен Тек 2 секоја година до Германија ќе се пренесува 55 милијарди кубни метри руски природен гас.

Критичарите, меѓу кои е и претседателот на САД Доналд Трамп, тврдат дека се зголемува зависноста на Европа од Русија, додека поддржувачите ја истакнуваат потребата на ЕУ да обезбеди сигурно снабдување со енергија.