Овој викенд во Скопје се одржа најголемиот спортски празник на градот, „Виз ер Скопскиот маратон“ кој оваа година имаше рекорден број на пријавени натпреварувачи од целиот свет. Овогодинешната трка беше посебна за „Парк Хотел и Спа“ (Park Hotel & Spa) не само затоа што се настапи во сите категории, туку и затоа што за првпат на тимот му се придружи новиот член – „Next Door Park Hotel“, сите заедно настапувајќи под капата на „Parkland Hospitality Group“.

– Среќни сме што сме дел од оваа успешна приказна која од година во година се
повеќе расте. Три години по ред имаме одлична соработка со организацијата од
Скопски Маратон, ќе продолжиme да го развиваме партнерството и во иднина – се наведува во соопштението од „Парк Хотел и Спа“.

Покрај големиот број на учесници на маратонот кои беа сместени во хотелот, и оваа
година дел од активностите поврзани со „Скопскиот Mаратон“ се одржаа во Park Hotel & Spa: прес-конференции за најава на маратонот и на „Женска Трка“ која беше одржана неколку недели пред „Скопскиот Маратон“; „Маратон експо“ каде учесниците имаа можност да се запознаат, дружат и да ги подигнат своите стартни пакети; како и
традиционалната хуманитарна „Pasta Party“ која се одржа во „Brick Eat“.

„Parkland Hospitality Group“ и понатаму ќе продолжи да ги поддржува ваквите
манифестации, да го афирмираа здравиот начин на живот и преку нив воедно да го
одржува тимскиот дух на вработените.