Најдолгиот период на економска експанзија на Јапонија за речиси три децении заврши во првиот квартал годинава, откако бруто домашниот производ(БДП) падна за 0,2 отсто во однос на претходното тромесечје, според прелиминарните индекси.

Меѓугодишната стапка на раст во првиот квартал се спушти на 0,6 проценти, соопшти денеска владата во Токио, пренесува АП.

Ова е првпат во последните две години да е забележан пад на јапонскиот БДП.