Сезонски прилагоденото индустриско производство во ноември 2018 година, во споредба со октомври 2018 година, се намали на 1,3 отсто во ЕУ, а во еврозоната за 1,7 отсто, покажуваат податоците на Евростат, Заводот за статистика на Европската унија.

Споредено со истиот период од 2017 година, индустриското производство е намалено за 2,2 проценти во ЕУ и за 3,3 проценти во еврозоната.

Според податоците на Евростат, најголем пад на индустриското производство на месечно ниво од 7,5 отсто е забележан во Ирска, за 2,5 отсто во Португалија и 1,9 отсто во Германија и Литванија.

Во истиот период најголем раст на индустриското производство на месечно ниво од 4,5 отсто е забележан во Естонија, следи Грција со 3,1 отсто и Малта со 2,6 отсто.

Најголем пад на индустриското производство во ноември 2018 година, споредено со истиот период од 2017 година, е забележан во Ирска за 9,1 отсто, потоа следат 5,1 отсто во Германија и 2,9 отсто во Португалија, додека највисок раст е забележан во Естонија – 7,9 проценти, Полска – 5,3 отсто и Унгарија 3,5 отсто.

Најголем пад на индустриското производство на годишно ниво е остварен во производството на енергија, за 4,3 отсто во ЕУ и за 5,2 отсто во еврозоната.