На светските пазари цената на нафтата минатата недела падна, по две недели раст, што е последица на јакнење на трговската напнатост во светот и зголемувањето на производството во Саудиска Арабија.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 2,9 отсто, на 77,15 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,4 отсто на 73,80 долари.

Саудиска Арабија ја извести организацијата на земји извезувачи на нафта (ОПЕК) дека во јуни го зголемила производството за речиси 500.000 барели дневно, но ја намалила продажната цена на нафтата за Европа и  другите региони, што е знак дека Ријад сака да ја надомести намалената понуда од другите земји и да го стопира растот на цената.