Фото: Игор Бансколиев

Oштетените депоненти на Еуростандард банка протестираат пред Уставниот суд во надеж дека, како што истакнуваат, ќе преовлада правдата и ќе победи правната држава.

Уставниот суд денеска треба да ја одржи 9-тата седница, на чиј дневен ред е иницијативата за оценка за уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки. Седницата претходно беше одложена во два наврата, поради состојбата со ширењето на коронавирусот.

Здружението на оштетени физички и правни лица од Еуростандард Банка „Правда за штедачи”, пред седницата на Уставниот суд упати апел за владеење на правото и заштита на темелните вредности државата гарантирани со Уставот.