Фото: Игор Бансколиев

Приоритетно постапување на Уставниот суд во случајот со пропаѓањето на Еуростандард банка бара Здружението на оштетени штедачи на банката.

– Оштетените депоненти се обраќаат до Уставниот суд со барање итно да решава по поднесената иницијатива од Адвокатското друштво „Кузмановски” од 28 октомври минатата година, за оценување на законитоста и уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки, со очекување за негово укинување. Со тој чин, ќе се отстрани нееднаквоста и дискриминацијата на сите останати доверители во однос на Фондот за осигурување на депозити и воедно ќе се овозможи да сите доверители, физички и правни лица, добијат шанса да барем делумно ги повратат своите депозити преку стечајната постапка. Апелираме до Уставниот суд да што поскоро одлучува и ја донесе конечната одлука по поднесената иницијатива. Што поитно се одлучи, штетата ќе биде помала по оние кои немаат никаква вина за грабежот во банката, а ги довериле своите тешко заработени лични средства во финансиска институција регулирана и контролирана од Народна банка – се вели меѓудругото во соопштението на Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка.