Ќе се откупи целиот договрен тутун и плус 10 проценти од договореното, ќе се отворат затворените пунктови и ќе има реална проценка на тутунот. Ова денеска во Прилеп го изјави Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на тутунски здруженија, бидеќи овој став бил договорен на вчерашната средба со откупувачите.

Практично со ова се потврдија информациите на тутунарите дека во одредени делови се затворени откупните пуктови во прилепско-долненскиот регион, на што реагираа тутунарите и дека нема реална проценка на тутунот.

– Пунктовите треба да се отворат и дополнително да се откупат уште по 10 проценти од договорените количини тутун, за што, се обезбедени и дополнителни банкарски гаранции – рече Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на тутунски здруженија.

По завршувањето на годинашниот откуп, веднаш требало да започнат преговори со откупувачите за приближување на цените меѓу класите за оваа сезона. Ка.М.