Тинекс и понатаму ја реализира визијата за ширење на синџирот на маркети со цел задоволување на потребите на потрошувачите со одлична услуга и широк асортиман на производи.

Денес (24 јули, сабота) беше отворен нов Тинекс маркет на ул.23 Октомври
бр.7 во населбата Аеродром и се наоѓа во непосредна близина на Фондот за
пензиско и инвалидско осигурување.

Тинекс маркетот располага со вкупна површина од 400м2, а покрај добро снабдените редовни оддели со широка палета од над 3000 производи од домашно потекло и ексклузивни увозни производи, маркетот располага со пиљара со богата понуда на свежо овошје и зеленчук, месарница каде може во секое време да се купи свежо и квалитетно месо, преработки од месо и оддел за сувомесни и млечни деликатеси.

Отворањето на овој маркет обезбеди 16 нови работни места, а потрошувачите ќе ги опслужуваат 2 наплатни каси. По повод отворањето за потрошувачите се подготвени голем број на акции, промоции и попусти, а за членовите на Мој Тинекс клубот од 24 до 26 јули ќе се доделуваат 3xПОВЕЌЕ поени на износот на направената сметка.

Компанијата Тинекс и понатаму го продолжува трендот на унапредување на
постоечките и отворањето на нови маркети.