На барање на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија, согласно Законот за општа безбедност на производите, ги вклучија стандардите за цврсти биогорива во Листата на стандарди со чија употреба се смета дека производот е безбеден.
Со објавување на дополнетата листа на стандарди во „Службен весник“, од 2 февруари овие стандарди стануваат задолжителни и за производителите и за трговците.
На тој начин се воведува регулирање на квалитот на цврстите горива што се користат во државата, со што ќе се влијае на подобрување на квалитетот на воздухот, на животната средина и на здравјето на луѓето.