НЛБ Банка, традиционално по осми пат, го организираше НЛБ Денот наменет за најмалите, со што и официјално го отвори НЛБ Месецот на штедење.

По тој повод, денес во НЛБ Галеријата беа поканети дечиња од неколку основни училишта и беше организирана забавна и едукативна програма на тема ,,Ја истражуваме вселената со Тиби и Штуки!“.

Во рамките на НЛБ Месецот на штедење, Банката организира ликовен натпревар за деца на возраст од 5 до 15 години на тема: „Штедење и астрономија“. Сите деца што имаат инспирација и желба да земат учество можат да ги постават своите цртежи на веб-страницата отворена за оваа намена: stedenje.nlb.mk или пак да ги донесат директно во некоја од експозитурите на НЛБ Банка. За секој цртеж Банката ќе донира по 200 денари, а средства потоа ќе се наменат за потребите на Одделението за хематологија и онкологија при Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.

Натпреварот е отворен до 25 октомври 2019 година.

– Секојдневно сме опкружени со искушенијата да трошиме, сите сме дел од конзумеризмот, и токму затоа, сметаме дека едукацијата за потребите, навиките и начините на штедење треба да биде важен дел од образованието кај децата. И оваа година НЛБ Месецот на штедење, го отворивме со НЛБ Денот, преку забавно-едукативен настан специјално организиран за најмалите. Би рекле дека ова е еден од најведрите и најпозитивните настани, кој секогаш со нетрпение го очекуваме. Продолжуваме во текот на целиот месец со забавни активности за штедење и ќе посетиме многу училишта и градинки. Ја користиме оваа можност да ги повикаме сите деца да земат учество на ликовниот конкурс и да не поддржат во намерата да собереме што повеќе цртежи за да донираме повеќе парични средства за подобрување на условите на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје – изјавија од НЛБ Банка.

На крајот на октомври најдобрите цртежи избрани со гласање преку веб-страницата stedenje.nlb.mk, како и од страна на посебна комисија, составена од познати македонски уметници ќе бидат наградени со парични награди и признанија.

Месецот на штедење ќе биде заокружен со организирање изложба на сите пријавени и наградени детски цртежи.