Вкупно 631 бескаматни кредити се одобрени од ковид 1 линијата од Развојната банка, во износ од 4,7 милиони евра, информираше министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Во овие фирми работат 5.588 вработени.

По структура од вкупно одобрените кредити: 76 отсто се за микро претпријатија со до 10 вработени, 22 проценти се за мали фирми со до 50 вработени, а 1 отсто се за средни компании со до 250 вработени.

Од вкупно одобрените 4,7 милиони евра: 2,1 милиони евра се за компании од транспортна дејност, 2,4 милиони евра за угостителство и 200.000 евра за туризам.

Од денеска почнува аплицирањето за новата кредитна линија преку Развојната банка во висина од 8 милиони евра, која е дел од вториот пакет-економски мерки.