Од Еуроимпекс најавуваат целосно нови, летни цени за двата најпосакувани модели од
брендот Пежо.

– Пежо 208 – компактно градско возило кое се издвојува од останатите во
сегментот. Освојува со својот динамичен и елегантен дизајн, посакуван од секој
учесник во сообраќајот.
– Пежо 2008 – најмал во гамата на SUV возила, а истовремено урбано и моќно
возило, се издвојува од толпата со неговиот самодоверлив дизајн и е создаден да совлада сè!

Двата модели се понудени со докажаниот 1.2 Pure Tech Мотор со 82 КС и Active ниво на опременост.

Со цел на исполнување на слоганот кој го носи оваа кампања „Има сè“, во опремата се вклучени богати системи за безбедност и помош при возење, дополнителни елементи за удобност и комфор на возачот и патниците, како и:

– патен компјутер;
– Автоматско заклучување на возилото при тргнување;
– Висинско подесување на возачко седиште;
– Преклопна и деллива задна клупа 2/3 – 1/3 со 3 наслони за глава, 2 ISOFIX приклучоци за седиште;
– Рачки и ретровизори во боја на возилото;
– Hill Assist;
– Заден споилер;
Електрично подесиви ретровизори со греење;
– 3D LED задни светла;
– LED дневни светла;
– Мануелен клима уред;
– Touch screen + 6 звучници + команди на управувач + USB + Bluetooth + USB и AUX излез;
– Управувач пресвлечен со кожа;
– Предни светла за магла;

За повеќе информации обратете се во продажно-сервисната мрежа на Пежо и закажете тест возење.