Државна Лотарија ги известува играчите на игрите на среќа, а особено добиниците на добивки вредни над 5.000 денари, дека Благајната на Државна Лотарија која се наоѓа во седиштето на друштвото, или поточно во зградата на МРТ во Скопје, ќе биде отворена секој работен ден од 10 до 14 часот.  Истото работно време ќе се однесува и на регионалната благајна во Кочани.

Потсетуваме дека рокот за исплата на добивките на Лото 7 и Џокер е 30 дена од објавувањето на официјалниот извештај, а исплатата на добивките од инстант лотаријата е 30 дена по завршувањето на продажбата на серијата од тој инстант лоз.

Исто така потсетуваме, дека одлична можност да ги одиграте вашите среќни броеви е онлајн-уплатата преку следниот линк, што ја олеснува и исплатата на добивките директно на вашата сметка.

#SediSiDoma играј Лото ONLINE