Со повеќе манифестации и доделување на златници и парични награди денеска во Тутунскиот комбинат Прилеп беше одбележан 4 април Денот на тутунските работници, при што беше посочено дека тутунопроизводството има иднина.

Според директорот Кире Станкоски, Тутунскиот комбинат успешно го завршил откупот на тутунот од ланската реколта која била послаба и се подготвува за новата.

-Планираме откуп на три милиони килограми тутун од 4000 кооперанти. Добро оди и производството на цигари -рече Станкоски.

Во Тутунскиот комбинат со трансформацијата работат 250 вработени.  Ка.М.