• Новиот опел визир е составен дел од дизајнот на новиот „Грандленд“, исто како кај Новата „Мока“
• Врвни плагин хибриди плус дизел и бензински мотори
• Целосно дигитален кокпит „Опел пјур панел” со дисплеи со широк екран
• Интелилукс ЛЕД Пиксел светла
• Ноќна визија, електричен погон на сите тркала и иновативни системи за помош при возење

Елегантно спортски со интуитивни контроли и иновативни технологии – ова е новиот „Опел Грандленд“. Со целосно дигиталниот „Пјур панел“, новиот модел му овозможува на возачот сосема поинакво искуство во пилотската кабина.

Знаменосец на „Опел“, овој СУВ, исто така, се карактеризира со дополнителни технологии и системи за помош што досега клиентите можеа да ги доживеат само кај возилата од повисока класа. Особено адаптивните Интелилукс ЛЕД Пиксел светла со вкупно 168 ЛЕД елементи.

Технологијата од водечката лимузина на „Опел“, „Инсигнија“ дебитира во врвниот СУВ на германскиот бренд и поставува нови стандарди во пазарниот сектор на „Грандленд“.

Истото важи и за функцијата за ноќна визија, која ја слави својата премиера во „Опел“. Системот детектира пешаци и животни во темнина на растојание до 100 метри и го предупредува возачот.

Полуадаптивната функција „Хајвеј Интегрејшн асист“ го одржува „Грандленд“ на средина на својата лента и го одржува растојанието од возилото напред. Произведено во Германија, кај новиот „Грандленд“ се појавува и Опел визирoт, новото лице на брендот.

„Опел“ исто така се држи до својата стратегија за електрификација со новиот „Грандленд“ Покрај економичните бензински и дизел мотори, клиентите можат да изберат моќни плагин хибридни варијанти со висока ефикасност со преден или електричен погон на сите тркала. Новиот „Грандленд“ ќе излезе од производствената лента во фабриката во Ајзенах, Германија, и ќе биде во продажба на крајот на есента.

Секое ниво на опременост на „Грандленд“ е високо опремено. Стандардните опции вклучуваат предупредување за преден судир со автоматско сопирање при итни случаи, детектирање на пешаци, помош при задржување на лента, препознавање сообраќајни знаци и детектирање на поспаност, како и темпомат со ограничувач на брзина.

Надворешниот дизајн на новиот „Гранленд“ го прикажува Опел визорот и знакот со името поставен во средината на задната врата. Во внатрешноста, почетното ниво на опременост веќе го има „Пјур панел“ кој комбинираседуминчен информативен центар за возачи со екран на допир во боја со слична големина за работа со „Епл карплеј“ и „Андроид ауто“ преку мултимедијалниот инфозабавен систем (опционален 12-инчен информативен центар за возачи плус 10-инчен екран на допир во боја).

Во почетната варијанта на „Бизнис едишн“, стандардниот пилот за паркирање напред и назад, автоматската помош за паркирање, камерата за возење наназад и системот за предупредување за слепи точки дополнително ја зголемуваат безбедноста. За соодветни перформанси, „Грандленд“ добива моќ од 96-КВ/130 КЦ 1,2-литарски турбо-бензински мотор со директно вбризгување (Потрошувачка на гориво со шест-степен мануелен менувач „НЕДЦ“: во град 6,2-5,8 л/100 км, отворено 4,9-4,5 л/100 км, комбинирано 5,4-5 л/ 100 км, 124-114 г/км јаглерод диоксид; ВЛТП: комбинирано 7,1-5,9 л/100 км, 161-133 г/км јаглерод диоксид).

Оние кои сакаат да возат во електричен режим, а со тоа и без штетни емисии, можат да изберат една од двете плагин хибридни варијанти.

Иновации кај „Грандленд“: „Пјур панел“, ноќна визија, Интелилукс ЛЕД Пиксел светла

„Опел Грандленд“ се одликува со моќни погони за врвни перформанси и најсовремени технологии кои можат да се контролираат удобно и интуитивно преку „Пјур панел“, кој е составен од два широки екрани во една единица. Овој целосно дигитален кокпит, свртен кон возачот, ги содржи најновите дигитални технологии и дава најважни информации.

Друг белег кај знаменосецот „Опел“ СУВ се опционалните адаптивни Интелилукс ЛЕД Пиксел светла. 168 ЛЕД елементите резултираат со беспрекорна адаптација на светлината на светлата според возачката ситуација и околината, без заслепување на другите возачи во сообраќајот. Друга технологија што дополнително ја зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот при возење ноќе е ноќната визија, која дебитира кај „Опел“ со новиот „Грандленд“. Инфрацрвената камера на системот детектира луѓе и животни до 100 метри напред, врз основа на нивната температурна разлика од околината.

Исто така ново во комбинација со автоматски менувач е „Хајвеј интегрешјн асист“. Користејќи камера и радарски сензори, системот комбинира разна помош при возење. Адаптивниот темпомат го одржува растојанието од возилото напред според поставената брзина, додека активното позиционирање во лентата го одржува „Грандленд“ на средина на лентата. Понатамошните системи како предна и задна камера, автоматска помош при паркирање и предупредување за слепи точки се исто така дел од обемното портфолио.

Прецизен дизајн и висока удобност

Дизајнот на новиот „Грандленд“ открива типично јасни линии. Визирот се протега низ предниот дел, додека потписот на „Опел“ го нагласува капакот на моторот. Филозофијата за дизајн на брендот се рефлектира и одзади. Името на „Грандленд“ и логото на брендот „Блиц“ стојат во средината на задната врата. Дополнителен акцент е поставен на браниците и страничните панели, сега во црна боја со голем сјај или боја на каросеријата во зависност од верзијата, како и бампер спојлерите во црна и сребрена боја со висок сјај. Новиот модел е достапен и во карактеристични две бои.

Врвна удобност во внатрешноста: ергономските активни седишта – опционално достапни со кожна навлака во Алкантара – сертифицирани од „Aktion Gesunder Rücken e.V.“ (кампања за поздрав грб) овозможуваат добро држење на телото зад управувачот. Наградуваните седишта се единствени во класата на „Грандленд“ и нудат широк спектар на прилагодувања, од електрично навалување на седиштата до електро-пневматска лумбална поддршка.

Тие нудат греење, а во кожната навлака дури и вентилација. Удобноста дополнително се зголемува со „отворање и стартување без клуч“ и моќната задна врата контролирана од сензори, која може да се отвори и затвори со движење на стапалото под задниот браник. На патниците им е овозможена комплетна поврзаност со модерните мултимедијални системи, до врвниот „Мултимедија нејви про“.

Безжичното полнење во централната конзола обезбедува едноставно и уредно „полнење гориво“ за компатибилни паметни телефони.