Управата за јавни приходи соопшти дека апликацијата „МојДДВ“ подлежи на промени, со цел да се постигне подобра функционалност на апликацијата за поднесување на фискалните сметки.

– Апликацијата МојДДВ, како и секоја друга апликација подлежи на промени. Бидејќи при користење на апликацијата корисниците нередовно ги превземаат новите верзии, Управата за јавни приходи на корисниците им испрати порака со насоки за ажурирање на новата, подобрена верзија. Земајќи ги во предвид сугестиите на корисниците, во новата верзија има технички унапредувања во однос на скенирањето на фискалните сметки – велат од УЈП.

Притоа, како што велат од Управата, системот мојДДВ непречено функционира и ажурирањето на апликацијата не влијае на фискалните сметки коишто граѓаните досега ги скенирале. Заклучно со 30 јули година преку апликацијата МојДДВ скенирани се 6,949,294 фискални сметки, остварен е промет од 3,529,985,093 денари со пресметан ДДВ во износ од 381,833,364, додека повратот од 15 проценти изнесува 57,275,005 денари.