НЛБ Банка од денес воведе нови промотивни станбени кредити со намалени каматни стапки фиксни до 10 години и посебни поволности до 31.12.2019 година.

Новата понуда на клиентите им нуди можност да изберат станбен кредит со најниска каматна стапка од 3% фиксна за првите 5 години или каматна стапка од 3,5% фиксна за првите 10 години.

Исто така, во насока на обезбедување на дополнителна финансиска стабилност и намалување на неизвесноста од иднината, со својот станбен кредит клиентите имаат можност да добијат и полиса за животно осигурување со поповолни услови за користење на кредитот.

– Со цел да одговориме на барањата на нашите клиенти креиравме нови станбени кредити со најниски каматни стапки и најповолни услови на пазарот. Новите станбени кредити на нашите клиенти им овозможуваат да го изберат домот кој го посакуваат и притоа да имаат контрола во менаџирањето на својот семеен буџет, благодарение на подолгиот период на фиксност на каматните стапки. Како додадена вредност, клиентите со својот станбен кредит добиваат и бесплатна кредитна картичка како и можност за користење на бескаматен кредит за опремување на домот во соработка со Нептун. И во иднина следејќи ги потребите на пазарот ќе продолжиме да ја унапредуваме нашата понуда со цел да креираме позитивно корисничко искуство – велат од НЛБ Банка.

Во рамките на промотивната кампања, НЛБ Станбените кредити се одобруваат без трошоци за одобрување и проценка. Новата понуда се однесува за сите новоодобрени кредити од 01.10.2019 година.