Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, ги повикува сите новоизбрани градоначалници да го следат примерот на Владата за донесување одлуки за регулирање на начинот на користење на службените возила и трошоците за угостителски услуги за работни состаноци. Локалните единици тоа може да го сторат преку општинските совети со донесување посебни акти со кои ќе се ограничат средтсвата за репрезентација на градоначлниците и користење на службените возила, се нагласува во соопштението од неговиот кабинет.

Во него се додава дека на предлог на кабинетот на Николовски годинава се донесени две одлуки, кои се однесуваат на ограничување на користењето на службените возила и на службените трошоци за угостителски услуги за работни состаноци. Овие одлуки се во насока на рационално и транспарентно користење на буџетските средства.

Од кабинетот на Николовски потсетуваат дека веќе се применува одлуката за регулирање на користењето на службените возила. Секое користење на службените возила за вработените претходно според точно утврдена процедура се одобрува. Целта, како што велат, е оправдано, наменско, рационално користење на службените возила, односно да не се користат возилата за приватни цели.

– Исто така, функционерите ја применуваат и почитуваат одлуката за начинот на користење и висината на финансиските средства за угостителски услуги во угосителски објекти во државата при одржување работни состаноци. Функционерите имаат точно определни износи што смеат да ги искористат за угостителски услуги, за работни состаноци, според точно утврдени критериуми – се истакнува во писмениот допис од кабинетот на Николовски.