Нигерија, која е најголемата економија на афиканскиот континент, се согласи да го потпише договорот за слободна трговија. Нигерија ќе го потпише Африканскиот слободен трговски договор на самиот на Афиканската унија на 7 јуни, ова го најави нигерскиот претседател на својот официјален Твитер, соопштува Си-ен-ен.

Договорот стапи во сила во мај, а неговата цел е да ги обедини сите 54 членки на Африканската унија во единствен економски пазар од 1,2 милјарди луѓе и отстранување на трговските пречки како што се тарифите низ цела Африка.

– Се очекува дека договор ќа ја засили регионалната трговија и ќе им овозможи на компаниите да се прошират и да влезат во нови пазари. Јужна Африка и Камерун се меѓу 52 држави кои веќе го потпишаа договорот, меѓутоа Нигерија одбиваше да го потпише под изговор дека се потребни дополнителни консултации – соопштува Си-ен-ен