Швајцарскиот прехранбен гигант Нестле објави денеска дека ќе плати 7,15 милијарди американски долари за правото на продажба на производите на Старбакс надвор од кафетериите на тој американски синџир.

Старбакс на Нестле му го продаде трајното право на продажбата на производите од кои годишно остварува приходи од две милијарди долари.

Договорот не ги вклучува кафулињата на Старбакс, но Нестле, спроед договорот, ќе преземе околу 500 работници на Старбакс во Сиетл.

Трансакцијата би требало да биде заклучена до крајот на годината, а двете страни треба да ги добијат уште дозволите од регулаторот.