Група земјоделци незадоволни од откупот на сливи, од 11 часот го блокирале патниот правец Радовиш – Струмица кај клучката кај селото Воиславци.

Автомотосојузот на Македонија информира дека на патот излегле околу 20 земјоделци со земјоделски машини.

На останатите патни правци сообраќајот се одвива тековно по претежно суви коловози.

Зголемена фреквенција на возила има на граничните премини Богородица и Табановце, каде времето на чекање од македонска страна е од 15 до 30 минути.