Германија во вториот квартал од годината потона во техничка рецесија. Бруто-домашниот производ на Германија во тој период паднал за 0,1 отсто, соопшти „Дестатис“.

Во вториот квартал до израз дојдоа сите негативни последици од трговската војна, што придонесе нето-износот да биде негативен.

Експертите тврдат дека за тонењето на германската економија во вториот квартал придонесол и падот на инвестициите во градежништвото.

Таквите податоци потврдуваат дека Германија претрпела удар поради забавувањето на глобалната економија и американско-кинеската трговска војна, која ја нагризала побарувачката за германските производи.