Наука, технологија и бизнис-менаџмент во агрокомплексот

Речиси сите бенефиции што ги добиваме од земјоделско-прехранбениот систем потекнуваат од транс­формацијата на науката во технологија и од примената на ефикасен бизнис-менаџмент. Според некои автори, науката останува во лабораторија ако не постои поттик за усвојување на знаењето. Ова е разликата меѓу науката и технологијата.

Условите што направија ова да биде можно во земјоделството (во развиените земји) потекнуваат од следните извори: минимално мешање на државата (владата) во работата на правните фирми, демократски систем на управување што ги наградува тие што успешно се нафаќаат на ризици, бескрајна желба на човекот за произведување соодветни извори на храна и достапно земјиште со висок квалитет.
Од многу одамна човекот работи макотрпно за да обезбеди соодветно количество храна. Земјоделците што можеа профитабилно да го прошират своето производство, знаеја дека можат да се збогатат. Ова обично подразбираше вработување на повеќе работници во земјоделските стопанства. Индустриската револуција, која беше актуелна во втората половина на деветнаесеттиот век, ја постави основата за земјоделската револуција на дваесеттиот век.

Промените што се случија во земјоделството за време на дваесеттиот век го надминаа обемот што се има случено во период од илјадници години, кога човекот прво се трансформира од ловџија и собирач во земјоделец.

Влијанието на технологијата може да се согледа во еволуцијата на делот за институтите. Научните достигнувања, од кои многу потекнуваат од земјоделските факултети, го потпомогнаа патот до многуте технолошки подобрувања во земјоделството. Овие подобрувања овозможија постојано зголемување на земјоделското производство, додека инпутите да останат константи. Најистакната промена претставува постојаното намалување на работната сила. Овој тренд ја рефлектира долготрајната желба на производителите да се намалат трошоците за производство преку замена на релативно скапата работна сила на стопанствата со различни инпути.

Користењето нови технологии е важно за развој на земјоделството, но без соодветен начин за организирање на ваквите научни новини, би се загубил нивниот целосен потенцијал. Менаџментот на фармите почна да се појавува во последните две децении на дваесеттиот век. Целта на таквиот менаџмент, кој подоцна еволуира во агроиндустриски менаџмент, беше да се најде начин за интегрирање на процесите на технологијата за да се максимизираат предностите за земјоделците и за потрошувачите. Според некои автори, фармерот ја применува улогата на менаџментот, поставувајќи ги заедно производите на овие преплетувачки и зајакнувачки (научни) дисциплини заедно со финансиите, економијата и бизнисот во подготвување да се направи профит. Модерните агроиндустриски менаџери успешно се справија со овој предизвик. Тие ги интегрираат знаењето и брзоеволуирачката технологија за производство во земјоделството, во науката за животните, во науката за храната и во науката за растенијата со квалификациите на бизнис-менаџментот за маркетинг, со човечки ресурси, за финансии и со економијата за профитабилно производство на храна и земјоделски суровини. Во подоцнежните години, развојот на логистиката, на телекомуникациите и на менаџментот на работа ја направи агроиндустријата една од првите вистински глобални индустрии во развиените земји.