Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во јуни 2018 година се пониски за 0,3 отсто на месечно ниво, а за 0,8 отсто на годишно ниво, соопшти Државниот завод за статистика.

Во јуни 2018, во споредба со мај годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите енергија за 0,6 отсто, капитални производи за 0,3 отсто, интермедијарни производи, освен енергија, за 0,2 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,1 отсто.

Во споредба, пак, со јуни 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите енергија 7,3 отсто и капитални производи 0,6 отсто.