Над 25 милиони луѓе се пријавиле за околу 90.000 работни места во Индиски железници, што укажува на предизвиците со кои се соочува премиерот Нарендра Моди кој вети дека ќе се отворат работни места за време на неговиот мандат.

Државните железници, кои во моментов вработуваат 1,3 милиони луѓе, најави дека ќе отворат десетици илјади нови работни места – машиновозачи, техничари, инспектори техничари, столари и разни други професии. Целта, велат тие, е да ја подобри безбедноста на четвртата по големина железничка мрежа во светот.

Индиски железници се најголемиот работодавач во земјата.

Моди дојде на власт во 2014 година, ветувајќи дека ќе го поттикне економскиот раст во третата по големина економија во Азија и ќе создаде нови работни места. Но, неговата иницијатива „Произведено во Индија”, со цел да се зголеми уделот на производството во економијата на Индија, која тежи две милијарди долари, од 17 на 25 проценти, и да отвори 100 милиони работни места до 2022 година, се уште не дава резултати.