Агенцијата за кредитни рејтинзи Мудис го избра Стокхолм за ново европско седиште во контекст на регулаторниот притисок врз секторот за обезбедување на доволно вработени во Европската унија(ЕУ) по Брегзит.

Мудис досега повеќето европски бизниси ги вршеше од Лондон, но Велика Британија во март следната година излегува од ЕУ.

– Регистрацијата на нашата агенција за кредитни рејтинзи во Шведска ја одразува стратешката важност на нордискиот регион за Мудис – објави вчера портпаролката на агенцијата.

Според европските прописи, кредитниот рејтинг за клиентите во Европската унија можат да го издадат само агенции регистрирани при Европската агенција за хартии од вредност и пазари(ЕСМА).