Производителот на автомобили „Тесла“, кој во третото тримесечје годинава заработи 312 милиони долари благодарение на продажбата на „Модел 3“ автомобилите, го најави својот извоз на овие возила во Европа и Кина.

– Пазарот за седани со средна големина во Европа е двапати поголем од оној во САД. Затоа, ние со нетрпение го очекуваме префрлањето на „Моделот 3“ во Европа на почетокот на наредната година – соопшти Тесла.

Првите нарачки ќе може да се направат веќе наредните два месеца. Потоа седанот ќе може да се најде и на кинескиот пазар, а за подолгорочни цели понатаму, предвидена е и изградба на фабрика во Шангај.