Меѓу 60 и 72 отсто од Италијанците сакаат земјата да остане во еврозоната, додека 23 до 24 отсто би се откажале од заедничката валута, покажаа резултатите на две анкети, пренесува денеска Ројтерс.

Анкетите за државната РАИ ја спроведоа агенциите Еуромедиа и Пиеполи.

Прашањето на еврото стана важна предизборна тема во пресрет на предвремените избори во Италија, што би можеле да се одржат на есен или на почетокот на следната година.