Годишен преглед на македонската економија ќе спроведе Мисијата на меѓународниот монетарен фонд, предводена од Џесмин Рахман, која престојува во Македонија од денеска до 16 месецов.

-Билатералниот надзор е централен елемент на мандатот на ММФ за сите нејзини земји-членки и опфаќа сеопфатен поглед на макроекономските движења и перспективи и на економските политики на власта – информираше преку пишана изјава Себастијан Соса, резидентен претставник на ММФ за  Македонија.

На крајот од мисијата, тимот на ММФ планира да објави соопштение со прелиминарни заклучоци.