Министерството за економија предлага да се зголемат тарифите што треба да ги плаќаат концесионерите на рудниците за искористување на просторот и експлоатација на рудата.

Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, концесионерите за ваквиот предлог се информирани, но допрва ќе се утврдува колкаво ќе биде зголемувањето.

– Како министер сум за да ги зголемиме овие тарифи. Убеден сум дека надоместоците по оваа основа треба да се сменат и тие средства да се наменат за проекти за подобрување на животната средина, здравството и образованието – рече Бектеши пред официјалното отворање на фабриката „Чагатај Кабло“ во индустриската зона „Бунарџик“.

Тој информира дека веќе им е дадено задолжение на службите во Министерството да почнат со подготовка на измените на тарифникот.