Пет години по лансирањето, „Пежо 3008“, еден од најпродаваните модели на брендот, веќе го слави својот милонити модел, кој излезе од производните ленти во фабриката во Сошо. Вработените на интересен начин го прославија лансирањето на ова милионито возило – „Пежо 3008 Хибрид“.

Огромен успех: најновата генерација на „Пежо 3008“ веќе ја помина границата од еден милион. Произведен во Европа и Кина, започна со освојување на експертите уште пред да се појави на пазарите, бидејќи има добиено седумдесет и шест награди ширум светот, вклучувајќи ја и престижната награда „Автомобил на годината“ во 2017 година.

Во Франција, „Пежо 3008“ е лидер во својот сегмент уште од првиот месец по појавувањето на пазарот. Во Европа, тој е на второто место во сегментот СУВ во 2021 година. Исто така, зазеде силна позиција во Јужна Европа, каде што е број еден во Португалија и број два во Италија и Шпанија.

Европа сочинува 65 отсто од продажбата на „Пежо 3008“. Неговите главни пазари
надвор од Европа се Турција, Израел, Јапонија и Египет. Повеќе од 80 отсто од продажбата на „Пежо 3008“ се верзии со автоматски менувач, а речиси 38% се од
повисоките сегменти, што совршено го илустрира позиционирањето на брендот
„Пежо“ на пазарот.

„Пежо 3008“ ја нуди најновата генерација на системи за помош при возење, како и
„Пежо и-Кокпит“ со нов висококвалитетен дисплеј и нов 10-инчен екран на допир со висока резолуција. Возилото е совршено олицетворение на „моќта на избор“, нудејќи хибридни мотори на полнење, погон на две или четири тркала и мотори со внатрешно согорување, комбинирајќи ги уживањето во возењето и ефикасноста.

„Пежо 3008“ ги освои клиентите благодарение на своите динамични квалитети и препознатливиот, современ надворешен изглед. Внатрешноста, со својот „и-Кокпит“, нуди технолошка, топла и пријатна атмосфера, многу поинаква средина во која клиентите се чувствуваат удобно и едно од најдобрите нивоа на целокупно задоволство во Европа.