Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство подготви интервентна мерка за индустриското јаболко, кое поради временските непогоди има поголемо количество и не може целосно да биде преработено во домашните капацитети.
Од МЗШВ соопштуваат дека мерката ќе биде финализирана до крајот на оваа недела, а ќе биде дискутирана на следната владина седница.

Во соопштението се појаснува дека преку Програмата за рурален развој, МЗШВ предвидува поддршка и за преработувачките капацитети, за да овозможи поголем простор за откуп на производите и извоз од државата.

Во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година за 10 отсто се зголемени субвенциите за одржување овошни насади. Овие субвенции годинава се зголемени за 20 отсто за земјоделците со развоен потенцијал.

Од Министерството истакнуваат дека континуирано се следи состојбата на пазарот, се воведуваат нови и интервентни мерки, за да се овозможат подобри услови за работа за сите учесници во агросекторот, вклучувајќи го и овоштарството.