АД Македонски енергетски ресурси (МЕР) и грчкиот национален оператор ДЕСФА се обврзаа на поголема соработка за градење на капацитетите, усовршување на кадрите и забрзување на постапките за градење за интерконективниот вод кон Грција.

Во рамки на посетата на владината делегација на Грција денеска во просториите на АД МЕР е потпишан протокол за соработка како анекс на меморандумот од 2016 година, кој ги дефинира техничките и финансиските аспекти на интерконекцискиот вод меѓу АД МЕР и ДЕСФА, соопшти МЕР.